Русија го одобри лекот Коронавир за третман на Ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Русија одобри нов антивирусен лек, Коронавир, за третман на пациенти со Ковид-19, објави денес неговиот производител Р-Фарм.

Оттаму изјавија дека клиничкото испитување, кое вклучувало благи или умерени симптоми, покажало дека лекот е многу ефикасен во инхибиција на репликацијата на коронавирусот, пренесе Ројтерс.

Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот која не се бори против компликациите предизвикани од САРС-КоВ-2, туку се бори против самиот вирус, се наведува во објавата на оваа компанија.

Како што е наведено во клиничката студија, има подобрување кај 55% од амбулантски случаи на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20% од оние кои се лекуваат со стандардна етиотропна терапија, што значи дека примерокот се лекува, а не симптомите.

Р-Фарм изјави дека постои значителна разлика во текот на 14 дена.

На петтиот ден, со третманот се елиминира коронавирусот кај 77,5 проценти од пациентите кои го земале лекот, соопштија од Р-Фарм.

Слични содржини