Русија го отфрли предлогот на ОН за демилитаризација на областа околу централата Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Руското Министерство за надворешни работи денеска го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на МНР Иван Нечајев изјави дека предлогот е „неприфатлив“.

Нуклеарната централа во Запорожје беше заземена од руските сили во март, а нуклеарната централа е во близина на првите линии на фронтот и во последните денови често беше под оган, што предизвика многумина да стравуваат дека може да се случи нуклеарна катастрофа.

Слични содржини