Русија го отстрани хидроксихлорокинот од списокот на лекови за Ковид

од Vladimir Zorba

Руското Министерство за здравство го отстрани хидроксихлорокининот од списокот на потенцијални лекови за третман на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството препорача употреба на имуноглобулин против Ковид-19, кој исто така се препорачува како компонента на која било антивирусна програма, за пациенти кои биле хоспитализирани, според ТАСС.

„Хидроксихлорокининот е отстранет од списокот“, се вели во соопштението на Министерството.

На списокот на лекови кои можат да се користат против Ковид-19 во Русија, покрај хуман имуноглобулин, има и Фавипиравир, Ремдесвир, Интерферон алфа и Умифеновир.

Министерството додаде и две вакцини во борбата против ковид – Ковивак и Спутник лајт.

Слични содржини