Русија го предупреди НАТО за Украина

од Milan1

Русија го предупреди НАТО дека секој чекор кон членство на Украина во Алијансата ќе има последици.

Ова денеска го изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Руденко,  како одговор на прашање да ја коментира изјавата на американскиот министер за одбрана Лојд Остин, пренесува агенцијата „РИА“.

Остин оваа недела ја посети Украина и во таа прилика рече дека Вашингтон ја поддржува аспирацијата на Киев да се приклучи кон НАТО и дека ниту една земја не може да стави вето на таковиот потег.

 

Слични содржини