Русија го прекина извозот на струја во Финска

од Vladimir Zorba

Русија од вчера го прекина извозот на електрична енергија во Финска.

Руската држава како причина ги наведе тешкотиите во плаќањата.

Финскиот оператор на електричната мрежа објасни дека нема опасност од недостиг на електрична енергија во Финска и рече дека струјата од Русија е околу 10 отсто од потрошувачката на земјата.

Суспендирањето на извозот на руска електрична енергија во Финска доаѓа во време на најавената желба на Хелсинки да поднесе барање за влез во НАТО.

Слични содржини