Руското Министерство за надворешни работи и ја вратило на Украина протестната нота која официјален Киев и ја упати на Москва заради вчерашната посета на рускиот претседател на Крим.

Како што се наведува од руското МНР, официјална Москва ја вратила протестната нота без разгледување заради, како што наведуваат, „отстуството на основ за протест“.

Министерството, исто така, навело дека нити рускиот претседател, ниту друг руски политички претставници не се должни да ги усогласуваат со другите земји своите посети во рамките на „субјектот Руска Федерација“, што се однесува на Крим и Севастопољ.

Официјална Москва, истовремено, го повика Киев „да ја прифати реалноста“ дека Крим и Севастопољ, како што наведуваат, се составен дел на Руската федерација.

Министерството за надворешни работи на Украина претходно изрази протест до руската страна заради посетата на рускиот претседател Владимир Путин, во текот на која ги следеше заедничките воени вежби на руската Црноморска и Северна флота во Црното море.

Украина ја упатила протестната нота бидејќи смета дека таа, како што ја нарече, недоговорена посета на Путин на привремено окупираниот Крим е со цел да се следи незаконската обука на руската флота и лансирањето ракети што е „ уште едно грубо кршење на државниот суверенитет и територијален интегритет на Украина“.

Слични содржини