Русија и САД во заедничка мисија на Венера во 2026 година

од desk2

Лансирањето на вселенската мисија „Венера Д“, која предвидува испраќање на руски орбитален објект и уред за слетување, е планирано да се изврши од космодромот Восточни.

„Кон патот на Венера треба да се изнесе товар од 6,5 до 7 тони, во зависност од интервалот на лансирањето“, вели Људмила Засова од Институтот за вселенски истражувања и координаторка на работната група за проектот, пренесува Sputnik.

Засова наведува дека Русија и САД го завршиле формирањето на научните задачи за заедничката вселенска мисија на Венера и ги утврдиле приоритетите. Тие се подготвени да преминат на изработка на научна апаратура, како и на самата меѓупланетарна станица на проектот „Венера Д“.

Таа објаснува дека температурата и притисокот во долниот слој облаци на Венера малку се разликува од условите на површината на Земјата. Облачниот слој на планетата се наоѓа на висини меѓу 50 и 70 километри и се состои од капки сулфурна киселина со вода.

Планирано е мисијата да биде лансирана во 2026 година, со помош на ракетата Ангара.

Слични содржини