Русија и Саудиска Арабија се „многу, многу блиску“ до крај на нафтената војна

од Stefanija Kuzmanovska

Русија и Саудиска Арабија се многу, многу блиску до договор за намалување на производството на нафта. Ова го увери шефот на рускиот суверен фонд Russian Direct Investment Fund (RDIF), Кирил Дмитриев.


„Мислам дека целиот пазар разбира колку е важна оваа зделка и дека ќе донесе стабилност, така потребна стабилност на пазарот и ние сме многу близу до тоа да се постигне“, рече тој за CNBC.

Преговарачите од обете страни требаше да одржат виртуелна средба во понеделник, но за сега се очекува да биде откажана за вторник. На неа треба да се разговара за прашањето за ограничување на производството на суровината.

На прашањето дали Ријад и Москва ќе застанат зад оваа идеја до крајот на неделава, Дмитриев коментира: „Всушност, се чини дека имаме многу позитивна порака и ние сме многу, многу блиску до тоа“.

Тој го цитира предлогот на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела, кој предвидува вкупно производство од 10 милиони барели на ден. Лидерот на РДИФ, исто така, вели дека Русија тесно соработува со САД за ова прашање за да се осигури дека американските производители, исто така, ќе се вклучени во договорот.

„Верувам дека Русија, Саудиска Арабија, Соединетите држави и другите земји треба да направат чекор кон стабилизирање на пазарот и обезбедување одржливост во свет кој може да се соочи со најсериозната рецесија досега“, рече тој.

Во меѓувреме, цените на нафтата се намалија порано оваа недела, поради одложената средба меѓу Москва и Ријад. Сортата брент изгуби 0,09% од својата вредност на 34,08 долари за барел за време на раното тргување во Азија, додека американскиот ВТИ падна за 0,71% на 28,14 долари.

Слични содржини