Русија и Украина разменија 175 воени заробеници

од Milan1
23 прегледи

Русија и Украина разменија воени заробеници, објави Москва, по телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, при што беше договорна оваа размена.

Според руското Министерство за одбрана, 175 украински војници биле разменети за 175 руски војници. Покрај тоа, Москва предаде 22 тешко повредени украински затвореници на кои им беше потребна итна медицинска помош, опишувајќи го овој потег како „гест на добра волја“.

Првично беше најавено дека ќе бидат ослободени 23 тешко повредени војници, но на крајот беше предаден еден помалку, без објаснување за разликата.

Москва соопшти дека размената се случила со посредство на Обединетите Арапски Емирати, додека ослободените руски војници се во Белорусија и го чекаат нивниот трансфер во Русија.

Слични содржини