Русија има нов закон,беше усвоен со мнозинство во парламентот

од Stefanija Kuzmanovska

Русија има нов закон за странски агенти, а тој беше усвоен со мнозинство во рускиот парламент.

Русија одлучи да го заостри законот за странски агенти, според кој сите организации или поединци кои добиле некаква поддршка од странство или се под некаков облик на странско влијание ќе се сметаат за странски агенти.

Законот, кој стапува на сила на почетокот на декември, беше усвоен со мнозинство во рускиот парламент. Досега, руското законодавство можеше да ги прогласува невладините организации за странски агенти само доколку тие се финансираат со пари од странство.

Критичарите со недели предупредуваат за заострувањето, кое сега се оствари. Стравуваат дека руското правосудство ќе преземе уште политички мотивирани мерки против членовите на опозицијата и неистомислениците бидејќи новиот закон е толку нејасен.

„Сега, навистина, секој може да биде прогласен за странски агент“, пишува независниот портал за весници „Медуза“, кој со месеци се наоѓа во релевантниот регистар на руското Министерство за правда.

Некои руски медиуми се жалат дека поради законот изгубиле важни огласувачи и дека поради тоа повеќе не се во можност самите себе да се финансираат. На лицата означени како странски агенти сега им е забрането да предаваат во руски училишта.

Од почетокот на војната во Украина пред повеќе од четири месеци, Русија станува сè порепресивна кон критичарите во нејзините граници, кон активистите за човекови права. Под притисок на властите се блокирани или затворени бројни независни медиуми.

Слични содржини