Русија истражува повеќе од илјада украински воени злосторства

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот истражен комитет отвори повеќе од илјада кривични предмети за злосторства извршени од украинската армија, соопшти денеска прес-службата на таа институција.

„Активната работа на расветлување на криминалот продолжува. Повеќе од илјада кривични предмети се покренати и се истражуваат. Се известува за тековната работа со приведените припадници на украинските вооружени формации и завршени кривични предмети, како и новоидентификувани лица од интерес“, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Како што е наведено, руските истражители ги знаат имињата на раководството на притворските установи во Киев, Полтава, Николаев, Харков, Вињица, Днепропетровск и Суми, каде што, како што велат, биле мачени руски воени заробеници.

„Покрај тоа, сослушувањата на украинските националисти уште еднаш потврдија дека од почетокот на специјалната воена операција, украинските сили имаат борбени позиции во цивилни згради, куќи, училишта и градинки“, соопшти рускиот истражен комитет.

Комитетот, исто така, тврди дека „нацистичките злосторства врз цивилите често биле предизвикани со земање хемиски супстанци за подигање на моралот“.

„Во таа насока, шефот на Истражниот комитет даде инструкции да се спроведе истражување за овие супстанции и да се обезбеди соодветна правна проценка на овие информации како дел од истрагата“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Слични содржини