Русија ја повлекува својата армија од украинската граница

од Nikola Popovski

Русија денес објави повлекување на трупите лоцирани во близина на украинската граница и Крим, пренесува Еуроњуз.

Како што се наведува, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, објавил дека воените вежби завршиле.

„Војниците ја покажаа својата способност да обезбедат сигурна одбрана на земјата. Затоа решив да ги завршам инспекциските активности во јужните и западните воени области кои граничат со Украина“, рекол Шојгу во соопштението за печатот.

Изјавата на Шојгу не покажа јасно колку дополнителни војници биле пренесени на Крим, ниту пак посочи дали сите ќе бидат повлечени во нивните постојани бази. Еден ден претходно, министерот за надворешни работи на Украина изјави дека Русија наскоро ќе има над 120.000 војници на украинските граници и го повика Западот да воведе нови санкции за Москва. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се состане со рускиот колега Владимир Путин запрен ескалацијата.

Слични содржини