Русија ја предупреди Германија: Не создавајте раздор меѓу Москва и Минск

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ја предупредува Германија да не се обидува да создаде раздор меѓу Москва и Минск, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Москва не негува илузии во врска со ставот на официјален Берлин за тековните општествено-политички процеси во нашата сојузничка земја (Белорусија). Би сакале да ги предупредиме германските партнери да не се обидуваат да се мешаат и да создадат раздор во сојузничките руско-белоруски односи, како директно, така и со туѓи раце“, рече Захарова.

Како што истакна таа, Русија обрна внимание на фактот дека низа белоруски опозиционери разговарале со претставниците на германските власти за состојбата во Белорусија „во контекст на односите со Русија“.

„Антируската ориентација на некои водачи на протестното движење во Белорусија, вклучително и оние кои се поврзани со организацијата „Координативен совет на белоруската опозиција“, засега не се огласува, но излегува на површина“, додаде дипломатот.

Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас најави создавање механизам за собирање докази за кршење на човековите права во Белорусија и најави дека ќе бидат издвоени 21 милион евра за програма за поддршка на граѓанското општество во земјата.

Слични содржини