Русија ја призна Република Северна Македонија

од Vladimir Zorba

Русија ја призна денеска Македонија под новото уставно име – Република Северна Македонија. Тоа го соопшти руското МНР.

Во соопштение се нагласува дека на 19 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од македонското МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето – Република Северна Македонија.

– Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението.

Слични содржини