Русија ќе ги прекине дипломатските односи со Бугарија и ќе ја затвори амбасадата во Софија?

од Nikola Popovski

Русија има намера да ги прекине дипломатските односи со Бугарија, објави агенцијата „БГНЕС“.

Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија побарала од Бугарското министерство за надворешни работи да ја укине одлуката за протерување на 70 руски дипломати и вработени во амбасадата.

„Прогласувањето на персона нон грата на 70 вработени во руски странски институции на територијата на Република Бугарија го сметаме за невиден, клеветнички, целосно неоснован и провокативен чин кој ги поткопува темелите на нашите односи. Руската страна целосно ги отфрла овие обвинувања“, се вели во соопштението на руската амбасада.

Амбасадата предупредила на можноста од „исклучително тешки последици за односите меѓу страните“.

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова преку вербална нота истакнала дека Москва ќе размисли за затворање на својата амбасада во Бугарија доколку владата во оставка остане на својата одлука за протерување.

Слични содржини