Русија ќе гради нуклеарна централа на Марс?

од Nikola Popovski

Експертите од проектантското биро „Арсенал“ (дел од „Роскосмос“) предлагаат да се гради нуклеарна централа на идната руска база на Марс за снабдување со електрична енергија, стои во документите до кои дојдоа до увид од „РИА Новости“.

Како што се наведува, експертите сугерираат нуклеарната централа на Марс да биде доставена во орбитата на Црвената планета како дел од нуклеарниот вселенски брод „Зевс“, а со падобран да се спушти на површината на планетата. Потоа следува пуштање во употреба на нуклеарната централа и „снабдување на марсовската база“.

Покрај тоа, нуклеарниот вселенски брод „Зевс“ ќе овозможи воспоставување „канал за пренесување информации со голема брзина од површината на Марс и од вселенските летала што се наоѓаат во орбитата на Марс на Земјата“.

Претходно, во документите на компанијата беше наведено дека рускиот вселенски нуклеарен брод „Зевс“ може да се користи за оневозможување на леталото на потенцијалните противници и „пукање“ со ласер. Според некои информации, може да се користи во рамките на системот за противвоздушна одбрана.

Слични содржини