Русија: Клиничките испитувања на вакцината ќе траат до крајот на 2022 година

од Vladimir Zorba

Руското Министерство за здравство објави дека пострегистрациската фаза на клинички испитувања на вакцината против коронавирусот, „Спутник V“ треба да заврши до крајот на 2022 година, пренесува „Танјуг“.

Почетокот на тестирањето беше на 25 август, а крајот е планиран за 31 декември 2022 година, се наведува на веб-страницата на руското Министерство, пренесе ТАСС.

Целта на клиничките испитувања по регистрацијата е да се процени ефикасноста, имунолошката моќ и безбедноста на вакцината.

Тестовите ќе бидат извршени во девет здравствени установи во Москва.

Русија на 11 август објави дека е прва во светот што ја регистрирала вакцината против „Ковид-19“, изработена во Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Слични содржини