Русија конечно призна за настрадани во ракетниот крстосувач „Москва“

од Vladimir Zorba

Еден морнар загина, 27 се водат за исчезнати, а спасени се 396 членови на екипажот на рускиот ракетен крстосувач „Москва“, кој потона минатата недела, јави агенцијата РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Русија тврди дека „Москва“, водечкиот брод на нејзината црноморска флота, потонал минатата недела поради пожар што предизвикал експлозија на муниција.

Руските власти минатата недела објавија дека сите 510 членови на екипажот на крстосувачот се евакуирани од бродот.

Украина тврди дека погодила руски воен брод со противбродски проектили, а висок американски функционер минатата недела изјави дека САД веруваат дека „Москва“ била погодена од две украински ракети „Нептун“.

Соединетите Држави веруваат дека имало руски жртви, иако бројките се непознати, додаде официјалниот претставник.

Слични содржини