Русија може да преземе мерки против цела ЕУ поради Бугарија

од Nikola Popovski

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди на можноста Русија да преземе реципрочни мерки против Европската унија поради нејзината поддршка на одлуката на бугарските власти за протерување на 70 руски дипломати.

„Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија, се разбира, нема да помине без реакција на билатерална основа. Европската служба за надворешни работи мора да разбере дека непромислената поддршка за антируските дејствија на одделни земји-членки ја прави целата Европска унија одговорна за нивните последици, вклучително и од гледна точка на одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини