Русија: Најмалку новозаразени од 1 мај

од Vladimir Zorba

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани уште 9.200 случаи на коронавирус, што е најмал број на заразени лица на дневна основа од 1 мај.

Вкупниот број заразени сега е 272.043, пренесува ТАСС.

Од коронавирусот починале уште 119 лица, така што вкупниот број на смртни случаи е 2.537.

Слични содржини