Русија не може да го заузда вирусот: Бројот на новозаразени сè уште е многу голем

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот кризен штаб за борба против коронавирусот објави дека бројот на заразени со коронавирус е зголемен за 8.987 во последните 24 часа.

Вкупниот број до денес е 511.423, објави ТАС.

Споредено со претходниот ден, бројот на заразени лица е зголемен за 1,8 проценти, се наведува во истото соопштение.

Во главниот град на Русија, бројот на новозаразени е 1.714, а во Санкт Петербург 274, додека во цела Русија, 235.338 пациенти со Ковид 19 се хоспитализирани во моментов.

Слични содржини