РУСИЈА НЕ САКА ДА ПРЕЗЕМА ИТНИ МЕРКИ: Нафтениот пазар се стабилизира по ударот на „омикрон“

од Vladimir Zorba

Русија, засега, не мисли дека ОПЕК + треба да преземе какви било итни мерки поради појавата на новиот вид коронавирус, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак за новинарите на маргините на руско-кинескиот енергетски бизнис форум.

Новак забележа дека цената на нафтата, откако синоќа загуби 10 отсто од вредноста поради појавата на новиот вис „омикрон“, денеска се зголеми за речиси 4 отсто.

– Засега треба да се следи. Не треба да се носат избрзани одлуки – додаде тој.

Според него, секогаш кога ќе се појави нов вид, пазарот го оценува, бидејќи владите на различни земји можат да донесат различни рестриктивни мерки.

– Затоа треба да следиме како сега ќе се развива ситуацијата. Треба внимателно да го следиме пазарот и како тој влијае на побарувачката – заклучи Новак.

Слични содржини