Русија негира дека ги евакуира своите дипломати од Украина

од Milan1

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека руската амбасада во Киев работи вообичаено. Нејзината изјава дојде како одговор на извештај на Њујорк Тајмс дека Москва почнала да ги евакуира семејствата на персоналот од своите дипломатски мисии во Украина.

– Американските новинари ја загубија навиката да проверуваат информации што ги објавуваат, изјави Захарова.

Њујорк тајмс цитираше податоци од висок украински функционер кој тврди дека на 5 јануари 18 лица, главно членови на семејства на руски дипломати, ја напуштиле Украина, а во следните неколку дена уште околу 30 ја напуштиле амбасадата во Киев и Конзулатот во Лвов, Западна Украина. Дипломатите од два други руски конзулати добиле, според весникот, инструкции да се подготват за напуштање на земјата.

 

Слични содржини