Русија: Нови 582 случаи на коронавирус, девет починати

од Nikola Popovski

Бројот на заразени со коронавирус во Русија се зголемил за 582 во последните 24 часа и сега изнесува 4.731, соопшти денеска Центарот за борбата против болеста.

Во соопштението се вели дека девет лица починале во Русија во тој период, со што вкупниот број на смртни случаи достигнал 43, пренесува Тас.

Се додава дека 52 пациенти се отпуштени од болниците во последните 24 часа, така што вкупниот број на лица кои се опоравиле сега е 333, пренесува Танјуг.

Слични содржини