Русија од 1 јули ќе ги зголеми минималната плата и пензиите за 10 отсто

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека минималната плата и пензиите ќе бидат зголемени за 10 отсто во наредните недели, што е најавено во време кога руската економија се соочува со бран на меѓународни санкции без преседан.

Путин на средбата со Владата рече дека минималните трошоци за живот од 1 јуни ќе се зголемат за 10 отсто, а од 1 јули минималната плата и државните пензии ќе се зголемат за 10 отсто.

Со ова зголемување минималната плата ќе биде околу 250 долари месечно, а просечната пензија 320 долари месечно, наведува новинската агенција Интерфакс.

„Нашиот клучен и постојан приоритет е подобрување на благосостојбата и квалитетот на животот на нашите граѓани“, рече Путин.

Тој, исто така, им наложи на владините претставници да ги зголемат платите на руските војници кои служат во странство во време кога руската воена операција во Украина влегува во четвртиот месец.

Слични содржини