Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека вовело санкции против неколку претставници на Велика Британија како одговор на претходните мерки на Лондон насочени против Москва.
Имињата на британските претставници не беа споменати, но беше кажано дека ќе им биде забранет влез во Русија, пренесе „Ројтерс“.
Како одговор на непријателските дејствија на британските власти и врз основа на принципот на реципроцитет, руската страна одлучи да воведе лични санкции за пропорционален број претставници на Велика Британија кои се тесно вклучени во антируски активности, објави Министерството.