Русија: Опасна непромислена поддршка на Европската унија за Чешка

од Stefanija Kuzmanovska

Брисел треба да биде свесен за последиците од непромислената поддршка на отворено политизираните чекори на Прага кон Москва, оваа политика е многу опасна, се наведува во коментарот на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

„Непромислената поддршка на Европската унија за отворено политизираните активности на Прага е многу опасна, бидејќи поттикнува доверба во неказнивост и создава лажно чувство на попустливост. Тргнуваме од фактот дека Европската унија ги разбира последиците од таквата политика. Никој не смее да зборува од позиција на сила, да го користи јазикот на ултиматумите во модерната дипломатија“, истакна Захарова, коментирајќи ги изјавите на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за одлучниот одговор на Европската унија на дејствија на руските разузнавачки служби.

Захарова истакна дека Русија не презема никакви „субверзивни активности“ на територијата на ЕУ и воопшто во светот.

„Напротив, ние се обврзавме и продолжуваме да ги поддржуваме безбедноста и стабилноста на заедничкиот европски континент за Русија и земјите од Европската унија. Ова може да се постигне само со меѓусебно почитување, почитување на заедничките интереси, еднаква и заемно корисна соработка“, се додава во коментарот.

Москва смета дека реториката на шефот на европската дипломатија е продолжение на непријателската политика на ЕУ, додаде портпаролката.

„Наместо детално да ги испита причините за инцидентот во Чешка пред седум години, Европската унија всушност се приклучува кон неоснованите обвинувања на чешките власти“, изјави портпаролката на Министерството.

Таа посочи дека тоа е уште еден „доказ дека озлогласената европска солидарност е ставена над здравиот разум и желбата да се утврди вистината“. Како и во случајот со она што се случува во Украина, Европската унија не е во можност објективно да ја процени ситуацијата“.

Борел претходно изјави дека ги поддржува најновите чекори на Прага кон Москва. Тој додаде дека „субверзивните активности на руските разузнавачки служби против интересите и безбедноста на ЕУ и нејзините земји-членки ќе продолжат да се среќаваат со најсилна одлучност, вклучително и на ниво на Европската унија, доколку е потребно“.

Слични содржини