Русија откри до кога ќе траат поправките на Кримскиот мост

од Stefanija Kuzmanovska

Поправките на мостот што ги поврзува полуостровот Крим и југот на Русија треба да завршат до јули 2023 година, се наведува во документот објавен на веб-страницата на руската влада, пренесе денеска РИА Новости.

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

Три лица загинаа во експлозијата на мостот.

Слични содржини