Русија паралелно ќе истражува и произведува вакцини

од Vladimir Zorba

Производство на вакцина против коронавирус за јавна употреба може да започне еден месец по третата фаза на истражување, вели директорот на рускиот државен центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеј“ – Александар Гинзбург.

Тој изјави дека не сите руски граѓани ќе можат да примаат вакцини во исто време, додавајќи дека производството за јавна употреба ќе започне паралелно со третата (пост-регистрациска) фаза на истражување, но дека може да се очекува одложување на максимум еден месец откако ќе започне таа фаза.

Најави дека десетици илјади граѓани ќе учествуваат во третата фаза од истражувањето, како и дека ќе бидат проследени големи количини на вакцини за потребите на „граѓанска циркулација“, што ќе биде доволно за неколку региони во Русија.

Гинзбург посочи дека е тешко да се предвиди колку дози на вакцината ќе можат да се произведат во следните неколку недели, но дека производствените капацитети, благодарение на средствата што ги распределува владата, ќе бидат проширени до десет пати.

„Во декември ќе можеме да произведеме четири до пет милиони дози месечно, можеби и повеќе, што ќе обезбеди доволно вакцини за целата земја за девет до 12 месеци“, објави Гинзбург.

Слични содржини