Русија: Подготвени сме да отвориме хуманитарен коридор за храна од Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко, пренесува „Интерфакс“.

Руденко, исто така, рече дека Русија ќе размисли за размена на затвореници со Украина, откако ќе ги осуди некои од оние кои се предале на руските сили.

Руските власти и властите на самопрогласените ДНР и ЛНР наведуваат дека на некои од украинските борци кои се предале треба да им се суди за воени злосторства, потсетува „Ројтерс“.

Слични содржини