Русија: Повеќе од 24.000 новозаразени со коронавирус

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Русија се пронајдени 24.633 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 719 лица починале, соопшти денеска кризниот штаб.

За време на епидемијата, во Русија биле заразени вкупно 5.982.766 лица, а починале 149.138 лица. Веќе две недели, бројот на смртни случаи на ден не паднал под 700.

Само во Москва, 4.007 примероци денес биле позитивни на тестот за коронавирус, во споредба со 4.357.

Денес се лекуваат 468.483 лица. Заклучно со вчера се излекувале 18.764 лица, а досега вкупно 5.359.995 лица.

Слични содржини