Русија: Предлогот за признавање на Гуаидо нема да помине во Советот за безбедност на ОН

од Vladimir Zorba

Амбасадорот на Русија при Обединетите нации, Васиљ Небензја денеска изјави дека Русија нема да го поддржи предлогот на САД – Советот за безбедност на ОН да го признае Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела.

– Тоа нема да помине, изјави Небензја и додаде дека ставот на Русија по повод кризата во Венецуела „останува непроменет“.

Портпаролот на Кремљ во текот на вчерашниот ден изјави дека за Русија, Николас Мадуро е легитимен претседател на Венецуела и дека обидите на опозицијата да ја узурпира власта во земјата се во целост нелегитимни.

Слични содржини