Русија призна дека ја погодила железничката станица во Чаплин

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за одбрана денеска призна дека руските сили извршиле ракетен напад врз железничката станица во украинскиот град Чаплин и уништиле воз со 200 украински резервисти.

„Ракетниот систем Искандер уништи воз со 200 украински резервисти на железничката станица Чаплино во областа Дњепропетровск“, се вели во соопштението на Министерството.

Се наведува дека во нападот биле уништени и 10 единици воена опрема, пренесува РИА Новости.

Слични содржини