Русија протера петмина вработени во хрватската амбасада во Москва

од Stefanija Kuzmanovska

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерува пет членови од персоналот на хрватската амбасада во Москва како одговор на тоа што Загреб донел одлука да протера дел од нејзиниот персонал.

Во април Хрватска побара 24 претставници на руската амбасада да ја напуштат Хрватска поради акцијата на Москва во Украина.

Русија започна инвазија на соседна Украина на 24 февруари.

Слични содржини