Русија протерува црногорски дипломат

од Nikola Popovski

Русија во четвртокот прогласи црногорски дипломат за персона нон грата, како одговор на претходната одлука на црногорската влада да протера руски дипломат.

Руското Министерство за надворешни работи го покани амбасадорот на Црна Гора во Москва, Милорад Шќепановиќ и му врачи нота во која неговиот соработник во Москва е прогласен за непожелна личност, објавија медиумите во Подгорица.

Ова е одговор на протерувањето на руски дипломат од Црна Гора, се вели во соопштението на руското министерство.

Слични содржини