Русија: Прва серија на лекот кој помага кај Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Првата серија на антивирусниот лек „фавипиравир“, кој им помага на пациенти со КОВИД-19, ќе се појави на рускиот пазар за околу една недела, изјави директорот на рускиот директен фонд за инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев.

„Заедно со групацијата Хемрар, инвестираме во лек кој покажа одлични резултати за време на тестирањето во Кина, а првата серија пристигнува за една недела“, рече Дмитриев синоќа во интервју за една руска телевизиска станица.

Дмитриев исто така рече дека ќе има повеќе инвестиции во производството на лекови и опрема потребни за борба против новиот коронавирус, пренесува Тасс.

„Фавипиравир“ е направен пред доаѓањето на вирусот „Ковид-19“ во Јапонија и беше одобрен за продажба во 2014 година.

Минатиот месец, Управниот одбор на РДИФ го одобри формирањето на заедничко вложување со Хемрар за производство на фавипиравир и други иновативни антивирусни лекови.

Според еден експерт во кинескиот Национален центар за развој на биотехнологијата, ефикасноста на „фавипиравир“ е докажана со клинички студии спроведени во Вухан и Шенжен, пренесува ТАСС.

Според Тасс, пациентите заразени со коронавирус кои добиле „фавипиравир“ биле негативни на тестот за КОВИД-19 по само четири дена, додека на оние кои не го примиле, им биле потребни 11 дена.

Слични содржини