Русија разгледува можност за издавање сертификати за вакцинираните лица

Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на владата да започне да ја разгледува можноста за издавање на сертификати за патување во странство на луѓе кои ја примиле домашната вакцина против Kоронавирусот, според документот на Кремlin, кој се појави денес.

Во документот се вели дека на владата и било наредено да прави сертификати што ќе бидат меѓународно признати, пренесува Ројтерс.

Русија, која е четврта земја во светот според бројот на заразени со вирусот корона, вложува многу надеж во домашни вакцини, кои почнаа да се даваат на општата популација минатиот месец, додаде Ројтерс.

Досега во Русија се вакцинирани над 800 000 лица, а 1,5 милиони вакцини се дистрибуирани до бројни медицински центри во земјата, рече во саботата министерот за здравство Михаил Мурашко.

Секој што бил вакциниран, може да добие сертификат за електронска вакцинација од 1 јануари, додаде Мурашко.

Агенцијата ТАС С додава дека Министерството за здравство создава база на податоци за тоа кој се вакцинирал.

Слични содржини