Русија: САД да се вратат на дијалогот за неширење на оружје за масовно уништување

од Stefanija Kuzmanovska

Русија го повика Вашингтон да се врати на професионален и заемно корисен дијалог за неширење на оружје за масовно уништување (ОМУ), соопшти руската амбасада во САД, коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик државен секретар за контрола на оружјето и Меѓународна безбедност Бони Џенкинс.

„Ги забележавме забелешките на Бони Џенкинс, кои треба да се совпаднат со отворените консултации во рамките на Сеопфатниот преглед на статусот на имплементација на резолуцијата 1540 на Советот за безбедност на ОН, која е еден од клучните инструменти во борбата против ширењето на ОМУ“, соопшти руската амбасада, пренесе ТАСС.

Оттаму додадоа дека Москва уште еднаш неоправдано била означена како закана за меѓународната безбедност.

Слични содржини