Русија: САД прават од НАТО светски полицаец

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, денеска изјави дека Вашингтон се обидува да ја искористи наводната руска закана за Африка за да го претвори НАТО во светски полицаец.

Тој додаде дека глобалните амбиции на Алијансата доведоа до катастрофални последици во Африка и на Блискиот Исток, објави „Спутник“.

Претходно, министрите за одбрана на Шпанија и Велика Британија изјавија дека, заедно со ситуацијата во Украина, проширувањето на влијанието и активностите на Русија во Африка е „загрижувачка закана“ за безбедноста на земјите од НАТО и дека воената алијанса мора да го реши тоа прашање.

Слични содржини