РУСИЈА: Се што знаеме за Навални е достапно за сите, Берлин и Париз не ги делат информациите со нас

од Aleksandar Petrovski

Русија е подготвена да го разјасни инцидентот околу рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со Европската унија, а исто така очекува дека Европа ќе ги достави своите податоци, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако дека сме подготвени“, истакна Песков, одговарајќи на прашањето дали Москва е подготвена да им даде објаснување на европските колеги за ситуацијата со Навални, јави ТАСС.

„Русија повеќепати објасни што се случи со берлинскиот пациент на руско тло, поточно во Омск и Томск“, додаде тој.

Според него, Русија зборувала за тоа апсолутно транспарентно неколку пати и објаснила сè.

„Ние исто така објаснивме дека ни требаат информациите што ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме дека за жал ниту Берлин ниту Париз не брзаат да ги споделат овие информации со нас, што значително го комплицира понатамошното разјаснување на ситуацијата“, потенцира Песков.
Според портпаролот на Кремљ, сè што Русија знае за инцидентот со Навални е јавно достапно.

На прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин му кажал нешто повеќе на својот француски колега Емануел Макрон за инцидентот, тој одговори негативно.

„Ние едноставно немаме други информации. И не може да има такви”, рече Песков.

„Ние, Кремљ, Министерството за надворешни работи, претставниците на нашите законодавни агенции и нашите лекари апсолутно транспарентно информиравме за инцидентот“, додаде портпаролот на Кремљ.

Слични содржини