Русија со рекорден број заразени за 24 часа

од Aleksandar Petrovski

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија се зголеми за 1.175 во текот на изминатите 24 часа на 8.672 во 81 од 85 региони на федерацијата. Ова денеска го соопшти рускиот оперативен штаб за борба против заразата.

Тоа е рекорден број нови случаи на ден во Руската Федерација.

– Во изминатите 24 часа оздравеа 86 лица. Вкупно закрепнати има 580 лица. Пет пациенти починаа во изминатиот ден и 63 за целиот период во Русија, се вели во соопштението.

Во Москва се регистрирани нови 660 заразени со новиот коронавирус, со што во главниот град на Русија сега има 5.841 инфицирани.

Слични содржини