Русија соопшти дека уапсила тројца украински шпиони

од Milan1

Русија соопшти дека уапсила тројца украински шпиони: „Едниот подготвувал експлозивен напад“
Во возилото што го користеле пријавените биле пронајдени оружје, скратена пушка и митралез и опрема за лична заштита.
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) во четвртокот потврди дека уапсила тројца украински шпиони, од кои едниот подготвувал „напад“ со експлозив, пренесува АФП, додавајќи дека последниот настан доаѓа во време на тензии меѓу двете земји.

ФСБ не кажува во кој дел од земјата биле уапсени наводните шпиони и кога точно.

Според соопштението, двајцата уапсени „пристигнале во Русија за да соберат информации и да фотографираат и снимаат витални стратешки објекти и транспортна инфраструктура“.

Во возилото што го користеле пријавените биле пронајдени оружје, скратена пушка и митралез и опрема за лична заштита.

ФАБ тврди дека двајцата уапсени биле регрутирани од украинската безбедносна служба СБУ за 10.000 американски долари. Третиот наводен агент е уапсен на дело со две импровизирани експлозивни направи што одговараат на експлозив од 1,5 килограми ТНТ. Тој илегално ја преминал руската граница, се вели во соопштението.

Русија редовно апси луѓе за кои тврди дека се украински шпиони или „саботери“ кои работат за Украина, особено на Крим, полуостров кој Русија го анектираше во 2014 година.

Слични содржини