Русија: Три лица загинаа во авионска несреќа

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица во авион „цесна“ загинаа денеска кога авионот се запалил при слетување, на 400 метри од пистата на аеродромот во близина на градот Ухта во руската република Коми, соопшти локалната служба за вонредни ситуации.

„Околу 14 часот и 10 минути е добиена дојава дека се запалил авионот цесна-177, на околу 400 метри од пистата. Во него имало три лица, сите загинале. Пожарот што избувнал околу авионот бил изгаснат во 14:20 часот“, додаваат претставници на итните служби.

Коми е конститутивен ентитет на Руската Федерација со статус на автономна република во северниот дел на Русија.

Слични содржини