Русија трупа резерви на злато – нови 19 тони за еден месец

од desk2

Руската централна банка продолжува да купува злато и само во март додаде уште 18,7 тони од овој скапоцен метал на веќе огромните резерви.

Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави банката.

Со најновото зголемување, резервите на злато на Русија сега изнесуваат над 2.170 тони, што е речиси 18% од вкупните девизни резерви на земјата, сооопшти Централната банка.

Русија од јануари досега има купено дури 56 тони злато.

Со последниот куповен чекор Русија покажува дека земјата се држи до претходно најавениот план да направи диверзификација на своите девизни резерви поради разни геополитички ризици и да ја прекине зависноста на руското стопанство од вредноста на американскиот долар.

Како дел од својата политика, Централната банка значително ги намали своите парични средства во фондови во странство.

Русија моментално е петта земја со најголеми резерви на злато, пра прави сѐ за да ги надмине повисоко пласиранире Франција и Италија и тоа во рок од една година.

Слични содржини