Русија: Турска воена операција во Сирија би била неразумна

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ја смета можната воена операција на Турција во Сирија за неразумна, бидејќи може да ескалира и да ја дестабилизира ситуацијата, најави рускиот специјален пратеник на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев, пренесува ТАСС.

Тој најави дека за време на разговорите во Нур-Султан Русија ќе ги повика турските колеги да се воздржат од овој потег и да ги решат постоечките прашања преку дијалог.

Москва исто така смета дека зголемената фреквенција на израелски напади врз Сирија е неприфатлива.

Слични содржини