Русија: Вакцината создаде имунитет кај волонтери без несакани ефекти

од Vladimir Zorba

Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествуваа на клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажаа присуство на имунитет и отсуство на несакани ефекти, објави денес руското Министерство за одбрана.

Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Нема никакви несакани ефекти и нема нерегуларности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството.

Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази на развој и тестирање на вакцината биле целосно во согласност со протоколот на клиничките истражувања.

Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена по вакцинацијата и поминале сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.

Слични содржини