Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпиша директива за воведување економски санкции против Украина, кои ќе стапат на сила на 1 јануари 2016 година. Санкциите се одговор на казнените мерки што Киев ги воведе кон Москва.

putin medved

Медведев објасни дека мерките против земјоделските производи, суровински материјали и прехранбени производи во август биле воведени против Исланд, Норвешка Лихтенштајн, Црна Гора и Албанија и оти Украина ќе биде додадена на листата ако Киев постигне договор во ЕУ за економскиот дел од Договорот за приближување.

– Бидејќи Украина донесе одлука за спроведување на Договорот за приближување, а со Русија не е постигнат посебен договор, овие мерки ја опфаќаат и Украина, почнувајќи од 1 јануари – нагласи Медведев.

 

META

Слични содржини