Русин со украдено возило фатен на „Табановце“

од Берта Китинска

Руски државјанин со украден автомобил бил фатен на граничниот премин „Табановце“. Во возилото биле пронајдени и два гасни пиштоли.

Според информациите на МВР, вчера при извршена контрола на А.Б.(32) од Русија, со место на живеење во Германија, кој управувал „опел“, со германски национални ознаки, било констатирано дека возилото во базата на податоци во Интерпол било предмет на потрага, односно било пријавено за украдено.

При преглед во возилото биле пронајдени два гасни пиштола, кои биле одземени.

Русинот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини