Русинка падна од мотор со брзина од 200 на час (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руската бајкерка Анџелина, буквално имаше „повеќе среќа него памет“ кога – со брзина од 193км / ч излета од патот на својот мотоцикл!

Таа ја изгуби контролата врз моќниот Kawasaki Ninja ZX-6R, па мотоциклот полета од патот и се преврте неколку пати пред таа и моторот да сопрат покрај патот во Сочи.

Од страшното видео, кое го објави на Инстаграм, не може да се заклучи точно колку време Анџелина останала на мотоциклот, пред да се најде на земја.

Предупредуваме дека снимката е вознемирувачка!

Луѓето кои трчале да и ’помогнат не дозволиле да се помрдне или да ја симне кацигата пред да пристигне брзата помош.

Сосема неразбирливо е како оваа 20-годишна девојка успеала да се извлече од оваа ситуација и со таква брзина, успеа да излезе само со модринки и гребнатини – без ниту една фрактура.

И, секако, веднаш штом стана на нозе, таа побрза да им се „пофали“ на своите следбеници на социјалните мрежи!

Слични содржини