Русите купиле тони злато во последниве месеци

од Vladimir Zorba

Во последните месеци Русите купиле тони злато од банките во земјата, пренесува руското издание Комерсант. Изданието цитира податоци од банкарски институции, според кои, во изминатите пет месеци, само „Сбербанк“ продала 10,9 тони злато на граѓаните.

Во средината на април ВТБ објави дека продала 2 тони злато, но оттогаш не дава повеќе информации. „Промсвјазбанк“ (БСБ) за четири месеци продале 1 тон златни прачки. И други големи руски банки известуваат за зголемување на побарувачката на благородниот метал, но не наведувајќи детали за количините.

Интересот на инвеститорите за злато секогаш се зголемува за време на периоди на нестабилност. Во Русија, тоа е поддржано и со укинувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) на трансакциите со злато. Претходно при препродажбата беше невозможно да се поврати данокот, прецизира „Комерсант“. Во јуни беше укинат и данокот на добивка (13%) на трансакциите со злато.

Така, банките пријавуваат зголемување на побарувачката на злато во сите големини на прачки, но најпосакувана е 1 килограм. Сега побарувачката за поголемите „кроеви“ стивнува, а помалите тегови привлекуваат интерес – во „Росселхозбанк“ известуваат дека 17% од сите продадени шипки се од 5 грама.

Дури и со елиминација на даноците, купувањето злато е долгорочна инвестиција, посочуваат аналитичарите. Според нив, и најмалата гребнатинка на шипките може да им ја урне цената. Единствената причина да се купи инвестициско злато е заштитата од девалвација на рубљата, додаваат експертите.

Главниот економист на „ПФ Капитал“ Евгениј Надоршин, сепак, препорачува Русите да инвестираат во виртуелна валута доколку се загрижени за девалвацијата на националната валута. Може да се тргува во странство, додека тоа не е можно со златни прачки.

Антон Чернишев од SberCIB потсетува дека геополитичката тензија не секогаш води до значително зголемување на цената на златото. На пример, на 2 август, поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, цената на златото скокна на 1805 долари за унца. Но веќе следниот ден котите беа приспособени на 1.780 долари, а во наредните денови на пониски нивоа, истакнува аналитичарот.

Слични содржини